Фотографска изложба на Игор Христов – Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите

од admin_kult

Фотографската изложба на Игор Христов „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ ќе биде отворена на 4 март (четврток) 2021 г. во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, со почеток од 17:00 часот.

„Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ е документарна фото изложба од 20 дела, фотографирани во три држави: Тајланд, Перу и Еквадор. Темата која ја обработува изложбата е од социјален карактер и следи луѓе кои спијат во јавна околина: по улиците, по пазарите, парковите, станиците.

Игор Христов, роден 1982 г. во Скопје, е филмски режисер и пасиониран фотограф. Во 2003 година ги започнува студиите по филмска и телевизиска режија во Националната Академија за филм во Софија, Бугарија. Неговите кратки филмови се наградени во Јапонија ,Кина, Полска, Чешка, Шпанија, Турција. Ова е негова прва самостојна фото изложба.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе