На 7 октомври во Софија ќе се одржи деветтото издание на манифестацијата „Европска ноќ на литературата“. На настанот, кој ќе трае од 18:00 до 21:30 часот, Културно информативниот центар на Република Северна Македонија ќе ја претстави книгата „Излегов“ на отец Пимен, која оваа година беше преведена на бугарски јазик.
Посетителите на настанот кој е во организација на повеќе културни институти и амбасади, на различни локации од центарот на Софија ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски места (гнезда) каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.