Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Турција, присуствуваше на изведбата на перформансот со поезијата на двајцата извонредни поети: Блаже Конески, великанот на македонската култура, чиј јубилеј 100 години од раѓањето се чествува годинава, и Назим Хикмет, еден од најголемите турски поети на 20 век.
Во перформансот „Поетски мост“, кој беше во изведба на актери од Турција и од Република Северна Македонија, настапија: Слаѓана Вујошевиќ, Алара Локум, Никола Настоски и Шакир Ѓулер.
Во рамките на посетата на Културно-информативниот центар во Истанбул, државниот секретар Азири, придружуван од директорот на ова културно катче, Рамадан Рамадани, се запозна со изложбата „Тишина“ од уметницата Марија Павловска, која за публиката ќе биде достапна до 6 август.