Документарецот „Македонскиот Дон Кихот” дел од фестивалот „Балкан трафик”

од admin_kult

Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“, во режија на Константин Плевнеш, е дел од официјалната програма на годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”,  кој  се одржува во Брисел.

Филмот е во продукција на ЕФА, а со поддршка од Агенцијата за филм. Посветен е на еден од најголемите македонски сликари, Владимир Георгиевски (1942 – 2017).

На годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, филмот ќе се најде во придружба на значајни имиња од балканскиот културен простор во престолнината на Европа.

Во програмата се и Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како „Град на културата на Европа за 2021 година”.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе