Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“, во режија на Константин Плевнеш, е дел од официјалната програма на годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, кој се одржува во Брисел.
Филмот е во продукција на ЕФА, а со поддршка од Агенцијата за филм. Посветен е на еден од најголемите македонски сликари, Владимир Георгиевски (1942 – 2017).
На годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, филмот ќе се најде во придружба на значајни имиња од балканскиот културен простор во престолнината на Европа.
Во програмата се и Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како „Град на културата на Европа за 2021 година”.