Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, продолжува и денеска (2 декември), со почеток во 15 часот, во хотелот „Парк резиденс“ со панел-дискусија на тема „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на работ на опстанокот“. На панелот како говорници ќе учествуваат:
Јасмина Никуљска од Министерството за култура; Оливер Белопета од Скопски џез-фестивал; Ирена Стеријоска, актерка; Никола Наумоски од Град Скопје и Трајко Симоновски, музичар, од Здружението на музичари „Музика сега“.
Дискусијата ќе се одржи преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство, а ќе се пренесува во живо на фејсбук-страницата на ЦИВИЛ.