Денеска започнува ликовната колонија „Дрен 2021“

од admin_kult

Oд денеска  (19 јули) до 25 јули во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржува 13. издание на ликовната колонија „Дрен 2021“.

Годинава на ликовната колонија, која се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура, ќе творат 11 уметници од земјава и од странство.

Своите инспирации ќе ги пренесат на платно сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева-Масети, Марија Стојаноски-Петкоска,  Александра Петкова, Буба Солак,  Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Од прилепскиот Центар за култура информираат дека делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе