Музејот на Град Скопје денеска напладне во галеријата „Белогаски“ ќе ја отвори изложбата „Скопје пред осум милениуми-4: Занаетчии и земјоделци од Церје – Говрлево“.Таа е последна од четирите планирани изложби поврзани со неолитскиот локалитет Церје – Говрлево, на кои беа претставени високите дострели во материјалната култура на неолитскиот човек пред осум и седум милениуми.
– За разлика од претходните три изложби на кои беа изложени достигнувањата на заедниците од локалитетот во архитектурата и недвижните објекти, во производството на разновидните керамички садови, како и керамичките, исклучително автентични и различни модели на куќи, жртвеници и фигурни, на оваа, последна изложба, ќе биде претставена материјалната култура поврзана со економијата, еден дел од симболичките предмети, како и предмети чија што намена е непозната, сите изработени од различни суровини: камен, керамика, животинска коска, школка, заб и друго–соопшти Музејот на Град Скопје.
И годинава, како и на претходните изложби, ќе биде претставено и издание поврзано со неа во кое се вклучени текстови од повеќе автори подготвени за оваа пригода.