Честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители

од admin_kult

Министерот Хусни Исмаили од името на Министерството за култура упатува честитки до граѓаните на Република Северна Македонија со која го честита 24 Мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

На овој ден го чествуваме извонредното епохално и просветителско дело на сесловенските просветители и нивното огромно значење за Европа, светот и за  Северна Македонија, изразено преку нивните мисии меѓу словенските народи во деветтиот век.

Културолошкиот процес на Светите браќа Кирил и Методиј го донесе и цивилизацискиот чекор за Европа, а тоа е создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна од неговите следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

На овој ден словенските народи ја слават и мисијата со која сесловенските браќа дадоа пример за  поврзување на различните култури со истовремено почитување на разликите.

Просветителската мисија на Светите браќа Кирил и Методиј беше инспирација и за работата на просветните работници и институции, и во оваа прилика упатуваме и честитки и по повод Денот на просветните работници.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе