По концертот на „Синтезис“ со кој беше одбележан 61-от роденден на „Охридско лето“, музичката фестивалска програма продолжува со Чешка вечер и настапот на гудачкиот квартет „Вихан“.
Во своето 36-годишно опстојување, „Вихан“ стана еден од најпризнатите гудачки квартети чија специјалност е изведбата на дела од чешката музичка ризница, како и на дела од класичниот, романтичниот и модерниот репертоар за квартет.
Концертот е од 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.