Битолскиот театар ќе учествува на „Шекспир фестивал“ во Србија

од admin_kult

Ансамблот на НУ Народен театар – Битола утревечер (3 јули) ќе настапи на 8. издание на „Шекспир фестивал” што се одржува во автентичниот амбиент на вилата „Станковиќ Чортановци“, Општина Инџија, Србија. Нашите актери ќе ја изведат претставата „History of motherfuckers – Кориолан” од Вилијам Шекспир, во режија на Андраш Урбан. Во претставата настапуваат: Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска-Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимограф е Благој Мицевски.

Театарската претстава „History of motherfuckers – Кориолан”, проект поддржан од Министерството за култура, предизвика голем интерес во јавноста по неодамнешната премиерна изведба во Битола.

Годинава на „Шекспир фестивал“ ќе учествуваат театарски куќи од Франција, Италија и од Србија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе