„Балканска синтеза“ е насловот на концертот што ќе се одржи вечер (5 јули), со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
На концертот ќе настапат пијанистките Јасмина Трајческа и Ловорка Немеш-Дулар од Словенија. На програмата ќе бидат изведени дела од: Јанез Матичиќ, Томислав Зографски и Билјана Бојовиќ.
Со концертот се одбележуваат 20 години заемна концертна активност на двете пијанистки и 30 години независност на Република Северна Македонија.