Резултати од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година

од admin_kult
Logo

Во согласност со член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура и туризам денеска, понеделник (3.2.2025) на својата веб-страница  (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година.

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година траеја од 30 септември 2024 година до 5 ноември 2024 година.

Пријавувањето на Годишните конкурси се одвиваше електронски преку националната платформа „Е-услуги“, а рокот беше продолжен за пет  дена.  

Во системот се евидентирани 2 888 пријави поднесени од: правни и физички лица, единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Упатството за утврдување на видовите на проектите, приоритетите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година.

Вреднувањето на проектите беше извршено од страна на стручните комисии врз основа на исполнетоста на општите и посебните услови  содржани во конкурсите по области и активности во културата

Во фокусот на работата на комисиите беа:

  • квалитетот на содржината на проектот (креативност, оригиналност, очекувано влијание, актуелност, иновативност и видливост);
  • уметничките, односно стручните достигнувања на носителите и на учесниците во проектот, како и признанијата, наградите и критиките  за претходни достигнувања;
  • финансиската оправданост, односно реалната проекција за висината на вкупните трошоци потребни за реализација на проектот, како и реалниот сооднос меѓу износот на финансиските средства за авторски хонорари и износот на средствата за другите трошоци за реализација на проектот.  

Објавените резултати од конкурсите содржат информации за: носителот на проектот, наслов на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

Освен резултатите објавени на веб-страницата, подносителите на пријавите за Годишните конкурси ќе бидат известени и по електронски пат.

Субјектите чии проекти се избрани на Годишните конкурси, по добивањето на решенијата ќе склучат договор за финансирање проект од национален интерес во културата со Министерството за култура и туризам во согласност со Законот за културата.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, против решението може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Жалбата не го одлага извршувањето.

Во согласност со Законот за културата, проектите избрани на Годишните конкурси за 2025 година треба да се реализираат во согласност со определениот рок за реализација наведен во договорот.

ПОДДРЖАНИ ПРОЕКТИ НА КОНКУРСИТЕ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА 2025

ДЕЈНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

ФОЛКЛОР

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ЛИТЕРАТУРА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

МЕЃУНАРОДНА ДЕЈНОСТ

МАНИФЕСТАЦИИ И ФЕСТИВАЛИ

ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

БИБЛИОТЕЧНА  ДЕЈНОСТ

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И ЗАШТИТА НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

ЧЛЕНОВИ НА СТРУЧНИ КОМИСИИ

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе