Свечено затворање на јубилејното 45. издание на „Скопско лето“

од admin_kult

Со концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, вечер во 20:30 часот во Сули ан ќе биде затворено 45. издание на „Скопско лето“.

Како солисти ќе настапат Симеон Гошев – виолина и Енис Аљи – виолончело, a љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во изведбата на дела од А. Вивалди, Р. Аврамовски, Д. Попер, Т. Зографски и Д. Шуплевски.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои над 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа, а е составен од студенти на ФМУ – Скопје, но и од гости и млади музичари од други земји. Во досегашниот период имаат учествувано 350 млади, како и голем број афирмирани светски солисти.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе