На 11 април (четврток) во 19:30 часот во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметнички медали и други дела од Надја Розева. Ова е прва изложба од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста кон интригантниот жанр на уметничкиот медал. Розева во својата изложба вклучи еден од архитектонските и културни симболи на Скопје, старата „Пошта“, со идеја да го насочи вниманието на јавноста кон итната потреба од нејзино реставрирање. Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година.
Розева е уметница и дизајнерка која работи во областа на медалната скулптура, јувелирството и продукцискиот дизајн. Таа е студентка на проф. Богомил Николов, кој од неодамна е прогласен за почесен доктор на Националната академија на уметности (НХА) во Софија и е добитник на најпрестижната светска награда за медална скулптура на Американското нумизматичко здружение „Салтус“.
Делата на Надја Розева се откупени за постојаните збирки на: Британскиот музеј во Лондон; Кралскиот кабинет за монети во Стокхолм, Шведска; Музејот „Берген“ на Универзитетот во Берген, Норвешка; Националната уметничка галерија во Софија, Бугарија; Музејот на монети и медали во Кремница, Словачка итн.
Таа е член на Меѓународната федерација на уметнички медали – ФИДЕМ, како и почесен член на Словачкото здружение за медали.