Во Националната галерија – објект Чифте Амам во Старата скопска чаршија, утре (2 aприл) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Уметници и бегалци“.
Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва што биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија.
На изложбата ќе може да се видат делата на: Oзбек Ајваз, Ѓорѓе Јовановиќ и Маја Танева од Македонија; Бутринт Паша, Диела Вала и Андин Бакија од Косово; и Серхи Тиекхов од Украина.
Изложбата вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарски режисер, Бутринит Паша, ќе ја изведе монодрамата „Кој ја сака мојата земја“.
Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на „TechSoup Network“.