Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација.
Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Спомен-куќата на Мајка Тереза од Скопје, како прв проект од неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Изложбата е претставена во повеќе градови во земјава и во странство, а посетителите ќе може да ја посетат до 31 март 2024 година.