Ненад Георгиевски и Мијалче Иванов годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

од admin_kult

Ненад Георгиевски и Мијалче-Мишко Иванов се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Северна Македонија.

Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на новинарот и публицист Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во областа на новинарството.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2023 година (четврток) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

                                                                                             

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе