На сцената на Националната опера и балет на 7 декември 2023 со почеток во 20:00 часот концертно ќе биде изведена моќната „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.
Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат: Наде Талевска, сопран; Васко Здравков, баритон; Нико Ѓоргиевски, контратенор; заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.