„Меѓународна средба на уредниците во Лисабон и Обидос, Португалија

од admin_kult

Во организација на Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура на Португалија и AICEP Portugal Global, а во соработка со другите канцеларии на Креативна Европа – потпрограма Култура, меѓу кои и Канцеларијата на Креативна Европа – потпрограма Култура на Република Северна Македонија (Одделение при Министерството за култура), од 11 до 14 октомври 2023 година во Лисабон и во Обидос, Португалија, се одржа „Меѓународна средба на уредниците“.

Настанот имаше цел да обезбеди поддршка за издавачкиот и за книжарскиот сектор од аспект на нивна интернационализација и зголемена видливост, како и да ги разгледа можностите за финансирање на овие сектори преку програмата Креативна Европа – потпрограма Култура на Европската Унија. Преводите на новите автори и европските книжевни дела од земјите учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, исто така, беа во фокусот на настанот. 

Издавачкиот и книжарскиот сектор во Република Северна Македонија веќе петнаесет години се едни од најуспешните корисници на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, а се истакнуваат со своето професионално искуство на европско ниво во рамките на европската програма. Во оваа насока, Билјана Црвенковска, во својство на автор, издавач и корисник на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, заедно со корисниците од другите земји: Шведска, Шпанија, Полска, Словенија, Литванија, Хрватска и Украина, учествуваше на сесијата која има клучно значење за релевантниот сектор, и тоа: „Интернационализација на авторите од малите јазици“.  

Настанот истовремено претставуваше можност за билатерални средби меѓу професионалците од издавачкиот и од книжарскиот сектор.

Повеќе информации може да најдете на:

https://europacriativa.eu/noticias/detalhe/1647-encontro-internacional-de-editores-em-lisboa-e-obidos-entre-11-e-14-de-outubro%20%20en

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе