Академскиот хор „Мирче Ацев“ учествуваше на Меѓународниот хорски фестивал „Музика и море“, кој секоја година во септември се одржува во Паралија, Грција.
Хорот „Мирче Ацев“, кој на Фестивалот настапи во категоријата мешани хорови, се претстави со композициите: „Тебе поем“, „Dies ire“, „Ленка“, „Македонска хумореска“ и „Besame mucho“, освојувајќи ги симпатиите на публиката. Во конкуренција на девет хорови, хорот „Мирче Ацев“ го освои првото место во оваа категорија и се натпреваруваше за „Гран при“ на Фестивалот.
Идејата на Фестивалот е да ја доближи хорската музиката до граѓаните на Паралија, Олимпик бич и Катерини во Грција.