Уметницата Марија Павловска е добитничка на меѓународната награда „Леонардо да Винчи“. Како што информира Павловска, меѓународната награда „Леонардо да Винчи“ е признание што им се доделува на сите уметници кои низ годините се истакнале со своето уметничко истражување и со стилската вредност на сопствените уметнички дела.
Наградата е наменета за сликари, скулптори, фотографи, визуелни уметници, изведувачи, мултимедијални уметници и дигитални уметници.
Уметниците, како што појаснува наградената авторка, се избрани од кураторите Салваторе и Франческо Саверио Русо – Фондација „Ефето арте“, уметничкиот директор Сандро Серадифалко, како едни од најдобрите меѓународни и современи уметници.
Делото на Марија Павловска беше оценето за значајно и вклучено меѓу 50 избрани меѓународни современи „уметници во кои треба да ce инвестира“.
Доделувањето на наградата се одржа на 5 април 2023 година во Националниот музеј за наука и технологија „Леонардо да Винчи“ – Милано, во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста.
По повод меѓународната награда „Леонардо да Винчи“, во Националниот музеј за наука и технологија „Леонардо да Винчи“ – Милано, пред јавноста беше претставен нов проект – книга . Во оваа пригода пред меѓународната јавност беше претставена и книгата „Мистерија наречена Џоконда“ од авторот Франческо Саверио Русо.