Продолжува циклусот концерти „Слободна среда“ во организација на Музичката младина на Македонија

од admin_kult

„Гудачка слободна среда“ е насловот на вториот концерт од четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“ во организација на Музичката младина на Македонија. Концертот ќе се одржи денеска (15 март), од 19:00 часот, во Музејот на македонската борба.

Во рамките на годинашнава програма се планирани шест концерти на кои ќе се претстават над 50 млади музичари, на возраст од 10 до 30 години, од повеќе градови во Македонија.

Платформата „Слободна среда“ претставува циклус концерти на кои настапуваат повеќе музичари или состави од музичари – инструментални и вокално-инструментални – кои се претставуваат со едно до две дела. Концертите им овозможуваат на младите учесници постепено да градат искуство на сцена и пред публика. Заинтересираноста кај младите е сѐ поголема, а среда веќе станува резервиран термин и кај публиката.

Следните концерти ќе се одржат на 22 и на 29 март, како и на 5 и на 12 април, сите со почеток од 19:00 часот, во Музејот на македонската борба, а влезот е бесплатен.

„Слободна среда“ е содржина од 60-годишниот јубилеј на Музичката младина на Македонија, поддржана од Министерството за култура.        

                 

.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе