На сцената на Народниот театар „Иван Вазов” вчера во Софија, беше изведена претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов, во која настапи и македонската актерка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска.
Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор Пројковска беше бурно поздравена од публиката во преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена.
Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на Народниот театар „Иван Вазов”, предводен од големата актерска ѕвезда на бугарското глумиште Камен Донев.