„StandWithUkraine” е насловот на изложбата на македонската новинарка и воен известувач од Украина, Кристина Атовска, која во присуство на многубројни гости и дипломати од повеќе земји беше претставена во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана.
Во рамките на изложбата, на која присуствуваше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски, се претставени фотографии од Атовска за нејзиното патешествие и воено известување од Украина, а беше прикажан и „трејлер“ за нејзиниот долгометражен документарен филм.
Како што информира директорот на македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански, украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров, изразил голема почит кон македонскиот народ и нашата земја, за сета поддршка и помош во нивната борба за слобода.