Информативни сесии за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура

од admin_kult

Ве известуваме дека Министерството за култура (Одделението за Креативна Европа на ЕУ-потпрограма Култура) во соработка со Националните установи од Скопје ( НУ Музеј на македонската борба), Велес ( НУ Театар „Јордан Х.К.Џинот“), Тетово (НУ Центар за култура „Иљо Антески – Смок“), Гостивар (НУ Центар за култура „АСНОМ“) и Штип (Центар за култура „Ацо Шопов“) и корисниците на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ и Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“,„Бата прес милениум” Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка” од Скопје од 24 до 27 јануари 2023 година, организира информативни сесии за тековните повици на категориите: „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за 2023 година.

Информативните сесии ќе се одржат во:

  • Скопје, 24 јануари 2023 година;
  • Велес, 25 јануари 2023 година;
  • Tетово и Гостивар 26 јануари 2023 година;
  • Штип, 27 јануари 2023 година.

Времето и местото на одржување на информативните сесии се наведени во програмата за настаните.

Програма

Ве молиме вашето присуство да го потврдите на следнава електронска адреса: info@ced.mk 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе