Во Националната опера и балет две изведби на современиот балет „Пепелашка“

од admin_kult

Во Националната опера и балет денеска и утре (20 и 21 јануари) ќе биде изведен современиот балет во 3 слики, „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Кореограф на балетот е Александар Илиќ (Србија), костимограф Катерина Радошевиќ -Галиќ (Хрватска), сценографијата е на Филип Коруновски.

Во претставата, која ќе биде изведена вечерва настапуваат: Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Саша Евтимова, Цветанка Максимоска, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.

Во изведбата на оваа современа бајка за сите возрасти на 21 јануари настапуваат:  Биби Басмаџиева Ковачевски, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.

Настапуваат солисти и балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе