На сцената на Филхармонијата в среда (28 декември), новогодишен концерт ќе одржат биг бендот на Здружението на џез-музичари (ЗЏМ) и американскиот џез-тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила.
На концертот ќе настапат и уметниците Дарко Бенчиќ од Хрватска, редовен член на Љубљанскиот биг бенд, и Бојан Цветковиќ од Србија.
Луис Бонила е повеќекратен добитник на наградата „Греми“, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера со многубројни изданија, остварува соработка со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез-оркестар, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.