Изложбата „Спомен-куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп-икона“ беше отворена вчеравечер во Музејот на македонската борба за самостојност.
На изложбата се претставени животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми.
Изложбата, која е во организација на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески – Крушево во соработка со Музејот на македонската борба за самостојност, ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.