Во вторник, 1 ноември, во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата, концерт ќе одржи триото „Принчипеле“. На програмата се дела од: Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт и Жан Крас. Во триото „Принчипеле“ свират виолинистката Ана Кондратенко, виолистот Марко Виденовиќ и виолончелистот Паскал Краповски. Како гостин на концертот ќе настапи обоистот Владимир Лазаревски.