Утре, по повод 11 октомври – Денот на народното востание, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ги отвори вратите за сите посетители. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.
Нашиот кустос Бојана Јанева ќе направи прошетка и музејска тура од 13 до 14 часот за сите посетители низ актуелните изложби, најавија од МСУ.