Драмскиот театар од Скопје на театарскиот фестивал „Театар на крстопат“ во Ниш освои две престижни награди – награда за најдобра претстава и награда за режија.
Како што соопшти Драмскиот театар – Скопје, наградата за најдобра претстава – „Се викам Горан Стефановски“ (My Name Is Goran Stefanovski) – ја доделува жирито на тркалезната маса на критика, додека наградата за режија ја доделува Стручното жири на фестивалот. Наградите на фестивалот беа врачени синоќа, на свеченост по повод затворањето на третото издание на фестивалот.
Ова е трето меѓународно гостување на оваа претстава, која е во режија на Бранислав Миќуновиќ.
Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Сценограф е Александар Дениќ, а автор на музиката е Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.
Драмскиот театар годинава имаше забележителни изведби на оваа претстава и на гостувањата на ревијалниот фестивал „РУТА“ во Подгорица и на 56. издание на „Стериино позорје“ во Нови Сад.