Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово е отворена изложба на слики од авторот Мајкл Клос (Michael Close). Се работи за најновата продукција на дела (25 слики) од овој автор работени во рамките на повеќегодишниот проект „Сликарството на патот на хуманоста“.
Мајкл Клос е канадски уметник со македонски корени. Роден е во Торонто. Досега има реализирано околу 130 самостојни изложби во многу локални, интернационални и национални галерии низ светот. Голем дел од изложбите се дел од проектот „Сликарството на патот на хуманоста“ којшто авторот континуирано го реализира со сопругата Менка, историчар на уметноста и кустос. Над 40 години Клос, претежно во Канада, работел на филм, ТВ и во театар, како сценограф и уметнички директор, но и како актер. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14 септември.