Конкурсот за петтото доделување на наградата „Антево перо“ за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик ќе заврши на 28 август. Организаторот потсетува дека трудовите треба да се праќаат на електронската адреса: antevopero@gmail.com и сите што ќе пратат во рокот ќе бидат учесници на поетскиот натпревар за наградата востановена во чест на поетот Анте Поповски.
– Жирито со задоволство ги евидентира пристигнатите дела од поетите од сите генерации, што само по себе значи дека и овојпат во целост е исполнета замислата со Конкурсот – пред сѐ, да стимулира творци да се остваруваат, да го негуваат и да творат на македонски јазик – се наведува во соопштението.