Европската куќа Крива Паланка, вчера, на плоштадот во Општина Ранковце организираше кино под отворено небо, како дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион. Проекциите се реализираа во рамки на неделата на младите.
Кино под отворено небо на 13 август , сабота, со почеток во 20 часот ќе се реализираат во Кратово, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”, а во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.