Во споменикот „Илинден“, познат и како „Македониум“, во Крушево вечер (4 август) во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Star Wars & Makedonium“ од Зоран Кардула.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars и вонвременскиот изглед на Македониумот“. Отворањето ќе биде придружено со музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи.
Настанот е дел од годинашната програма на НКС „Десет дена Крушевска Република“.