Како дел од драмската програма на „Охридско лето“ вечерва (1.8.2022 г.) во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, со почеток во 21 часот ќе биде изведена театарската претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир, во изведба на Киевски академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ од Украина.
Режисерка на претставата, е Викторија Шевченко, сценографијата на Олексиј Слиесарчук, а костимите на Валентина Рипенко.
Киевскиот академски регионален музички и драмски театар именуван по П.К. Саксагански е најголемиот и најстар театар во регионот на Киев. Репертоарот на театарот вклучува многу изведби на дела од странски и домашни класици (Шекспир, Оскар Вајлд, М. Кулиш, И. Франко итн.) како и различни дела од современи писатели и композитори. Репертоарот вклучува околу 75 изведби и концерти.