На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денес (15 јуни) со почеток од 18:00 часот ќе се одржи чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски(1951-2022).
Поздравно обраќање ќе има деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Анета Дучевска, а воведна реч ќе има проф. д-р Соња Витанова-Стрезова. Ќе се интерпретираат извадоци од препеви на дела од Милтон, Шекспир…, а од името на семејството ќе се обрати д-р Јана Михајловска. Предвидено е и обраќање на претставник од Здружението на преведувачи. Модераторка на настанот е проф. д-р Румена Бужаровска.
Во организацискиот одбор за чествување на ликот и делото на проф. д-р Михајловски се: проф. д-р Соња Витанова-Стрезова, проф. д-р Румена Бужаровска и проф. д-р Милан Дамјаноски.
Проф. д-р Драги Михајловски е еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир. Преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекуваат македонски Шекспир.