Во КИЦ Тирана отворена изложба на Мухамет Керпачи

од admin_kult

Вчеравечер во просториите на Македонскиот културен центар во Тирана, Албанија, настапи триото „Аперто“ од Скопје и беше отворена изложба на познатиот сликар од Тирана, Мухамет Керпачи. Настанот беше во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана и винаријата „Шехи“ од Тирана.

Посетителите уживаа во прекрасната изведба на дела од познати класични музички автори, во вкусовите на тиранското вино и во сликите од мајсторот Керпачи.

Изложбата ќе биде отворена од 1 до 15 јуни.


Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе