Продлабочувањето на соработката во областа на културата беше фокусот на денешната средба на заменик-министерот за култура Даим Лучи со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
На средбата во просториите во Општина Чаир заменик-министерот Лучи и неговиот домаќин Ганиу потенцираа дека културата е значаен сегмент во развојот на една држава и затоа културните вредности со кои располагаме треба да ги негуваме и да ги промовираме насекаде во светот.