Во Музејот на македонската борба денеска (19 април) во 20 часот ќе се одржи концертот „По избор на уметникот“ на Весна Ѓиновска-Илкова – сопран и Кристина Светиева – пијано.
На програмата се дела од: Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков, Томислав Зографски, Тодор Скаловски, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Јана Андреевска и Борис Светиев.
Дуетот Ѓиновска-Илкова – Светиева во изминатите години има реализирано многубројни успешни камерни настапи на концертните подиуми во земјава и во странство. За нивните заеднички интерпретации, критиката се огласува со позитивни оцени. Влезот за концертот е слободен.