Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ и Народниот театар – Штип деновиве имаат низа културни настани. Денеска и утре (10.3. – 11.3.2022 г.) публиката ќе може да ги проследи гостувањата на ХНК од Вараждин, Република Хрватска со претставата „Енигматски варијации“ и на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани со монодрамата „Избувливиот човек“. Вчера беше промовиран проектот за укоричување на поставени драмски текстови, а за сабота во 12 часот е најавено отворањето на „Галерија ’22“.
В сабота љубителите на уметноста ќе може да ја посетат изложбата на дела од Валентина Илиевска и да ја проследат промоцијата на наградената поема „Цветко“ од Трајче Кацаров. Предвидена е и промоција на списанието за уметност на Центарот за култура „Ацо Шопов“, што е апстракт од штипскиот весник „Штипски глас“, како и изложба на жени уметници од Виница, Кочани и од Штип и богата музичка програма.