На сцената на Националната опера и балет утре, 9 март, со почеток во 20:00 ч. премиерно ќе биде изведен балетот во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“, со врвна авторска и солистичка екипа.
Музиката за балетот е на Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга Панго, либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, мултимедија и дизајн –Емил Петров. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.