Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е во тек дигитализација на старата архива на Театарот „Војдан Чернодрински“. Се скенира архивски материјал, како: фотографии, плакати, исечоци од весници, создаван од почетоците на Театарот, 1950 година, до 2000 година.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во 2021 година, со што е набавена соодветна опрема за дигитализација.
Инаку, првата одиграна претстава во Театарот „Војдан Чернодрински“ е претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски. Во моментов, пак, во Театарот течат подготовките за претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.