Резултати од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година

од admin_kult

Во согласност со  член 65 став 4 од Законот за културата („Службен весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура денеска на веб-страницата (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области.

Конкурсите на Министерството за култура манифестираат отвореност, односно нудат можност за поддршка на граѓански организации, уметници, стручни работници, манифестации, фестивали, интердисциплинарни иницијативи итн.

Во таа смисла, и оваа година на објавените конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2020 година во предвидениот рок (30.9.2019 до 8.11.2019 година) имаше голем одзив, односно во Министерството за култура пристигнаа повеќе од 4000 апликации, доставени од физички лица, установи од областа на културата (локални или приватни), единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата.

Сите пристигнати пријави внимателно беа разгледувани од стручните комисии, составени од реномирани професионалци од соодветните дејности, кои при селекцијата на пријавите особено внимаваа да овозможат правична, квалитетна и соодветна распределба на буџетските средства.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Бертон Сулејмани;  за драмска дејност – Ирена Стеријовска; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Арлинда Калиси; за музичка и музичко-сценска дејност – Јане Бакевски; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Трајче Блажевски; за интердисциплинарни проекти – Артан Исмајли; за меѓународна дејност – Џемил Бектович;  за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Миле Велчовски; за музејска дејност – Фаница Велјановска; за библиотечна дејност – Авзи Мустафа.

Поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негуваат и поттикнуваат културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Значајна поддршка е дадена и на проектите преку кои се промовираат еднакви можности за сите (мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи итн.).

Категориите, приоритетите, критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во пријавите кои се составен дел на конкурсите.

Објавените резултати од конкурсите содржат информации за: носителот на проектот, назив на проектот, одобрените средства за реализација на проектот.

На Повикот за националните установи од областа на културата, објавен во јуни 2019 година, во законски утврдениот рок до Министерството за култура беа поднесени повеќе од 1000 пријави за проекти кои се содржани во нацрт-годишните програми за работа на националните установи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

За проектите што се избрани и за проектите што се одбиени на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области се донесуваат решенија.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, против добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.

За проектите што ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура донесе решенија.

Скопје, 14.02.2020                                                                                        Министерство за култура

БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

ЗАШТИТА НА НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ПРОЕКТИ

ЛИТЕРАТУРА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

МЕЃУНАРОДНА ДЕЈНОСТ

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

ФОЛКЛОР

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе