Биографија
Онур Али е роден на 17 февруари 1998 година во Скопје, Република Северна Македонија. Основно училиште завршил во „Јане Сандански“, додека средно образование во Економското училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“, отсек бизнис-администрација, во 2016 година.
Дипломирал во 2021 година на Меѓународниот балкански универзитет – Факултет за економија и администрација и се стекнал со звање Дипломиран економист од областа на меѓународните економски односи.
Бил дел од повеќе здруженија и учествувал во различни општествени и културни активности.
Зборува течно албански, македонски, турски и англиски јазик.
Од февруари 2024 година ја извршува функцијата заменик-министер за култура во Владата на Република Северна Македонија.
Работни позиции и искуство во владин и во невладин сектор:
- Министерство за култура, советник на заменик-министерот за култура (март 2022 – октомври 2023 г.)
- МАТУСИТЕБ (Сојуз на турските невладини организации во Македонија), вработен во кабинетот на претседателот на организацијата (јануари – декември 2021 г.)
- НВО за култура и образование „Елита“, член на Управниот одбор (од јануари 2019 г.)
- Друштво за култура, уметност и образование „Копру (Мост)“, активен член на организацијата (од јануари 2020 г.)