Роденденскиот концерт „Убава Русија“ на Филхармонијата наместо денеска, ќе се одржи в петок, во 20 часот, поради тридневната жалост во Република Северна Македонија.
Со концертот Оркестарот на Филхармонијата ќе прослави 77 години од формирањето, а како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П. И. Чајковски и Брамсовата Прва симфонија. Овој концерт на Филхармонијата е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“.