Четириесет и шест лични предмети од поетот Анте Поповски донирани на Музејот на македонската борба

од admin_kult

На иницијатива од Музејот на македонската борба за самостојност, викендов, на отворањето на четвртото издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, семејството Поповски донира 46 лични предмети од големиот македонски поет Анте Поповски.

Едно уметничко дело, признанија, лични ракописи, ордени и други документи ќе го красат музејскиот фундус.

Директорката на Музејот, Даниела Николова, изрази благодарност до семејството на Анте Поповски и најави голема ретроспективна  изложба на која сиве овие предмети ќе бидат претставени пред пошироката јавност.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе