Министерството за култура, во вторник (28.09.2021) во Скопје ќе ја одржи завршната презентација на електронската апликација, која се воведува годинава, за Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година.
Презентациите се наменети за корисниците кои имаат право на учество на Конкурсот, физички и правни лица.
Презентациите ќе се одржат во следните институции и термини:
Музеј на современата уметност
Прв термин: 12:00ч.
Втор термин: 14:00ч.
Трет термин: 16:00ч.
Албански театар
Прв термин: 11:00ч.
Втор термин: 13:00ч.
Трет термин: 15:00ч.
Ве очекуваме