Ансамблот на НУ Народен театар – Битола денеска премиерно ќе ја изведе претставата „Сомнително лице” од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.
„Светот на ’Сомнително лице‘ на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпионирањето и недовербата, како и лицемерството, корупцијата и стравот, се нешто сосема нормално“, рече режисерот Дамјановски
Главната улога во претставата ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски, а заедно со него на сцената на Битолскиот театар ќе настапат и: Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.